
За потребите на одделот Фасилити менаџмент и логистика, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СЕРВИСНИ УСЛУГИ (М/Ж)
Работни задачи:
- Активности поврзани со фасилити менаџмент односно управување со објектите
- Планирање и проверка на активностите на техничарите за одржување на објектите (хаусмајстори) како и евиденција и нарачака на потрошни материјали за тековно одржување
- Планирање и проверка на активности на надворешните фирми одговорни за одржување на објектите одговорни за хигиена, канцелариски мебел и опрема, канцелариски материјали и др.
- Тековно одржување на системи за греење и ладење, водоводни и одводни инсталации, електрични инсталации, машинска опрема и лифтови
- Подготовка и контрола на буџети и инвестициони програми
- Подготовка на документација за тендерски постапки и учество во истите
- Активности поврзани со недвижен имот и соработка со закуподавци, катастар, нотари, и др.
- Комуникација со комунални претпријатија
- Спроведување на годишен попис на недвижен имот и канцелариски мебел и опрема
- Работата ќе се извршува на објекти на ЕВН Македонија на цела територија на државата со постојано работно место во Скопје
Потребни компетенции:
- VII степен високо образование
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на странски јазик (англиски, германски) ќе смета за предност
- Работно искуство минимум 3 години
- Компјутерски познавања Microsoft Office Software пакет
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 19.05.2022
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx .
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.