
Профил Интернационал ДОО, компанија која се наоѓа во индустриската зона Илинден, има потреба од вработување на:
Административен асистент - Помошник сметководител
Потребни квалификации:
- Пожелно е високо образование од областа на економијата или финансиите;
- Познавање на материјално и финансово работење;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи;
- Познавање и активно работење со апликациитe од MS Office пакетот и сметководствените апликации;
- Возачка дозвола “Б“ категорија
Основни одговорности и задачи:
- Книжење на материјална документација;
- Водење и евидентирање на благајничко работење;
- Контактирање и сложување картици со добавувачи;
- Изготвување на обрасци за статистика;
- Книжење на финансиската и материјална документација;
- Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
- Подготовка на финансиски извештаи;
- Уредно водење на документацијата;
- Комуникација со сите релевантни државни институции;
- Останати работи кои би произлегле од тековното работење.
Доколку сметате дека вашиот профил одговара на наведените услови, пријавете се со кратка биографија електронски преку полето Брза Апликација.