Fashionel.mk објавува оглас за вработување новинар на полно работно време.
НОВИНАР
Доколку си комуникативен/а, поседуваш амбиции за постојано надоградување и ново знаење, креативното пишување е твојата силна страна, одлично владееш со социјалните мрежи, перфектно го познаваш македонскиот стандарден јазик, редовно ги следиш културните, општествените и модните случувања, сакаш да креираш приказни и содржини вредни за внимание, тогаш ТИ си личноста која му е потребна на нашиот тим.
Што бараме од тебе?
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик;
- Одлично познавање на правописот;
- Писмено изразување;
- Креативно размислување;
- Истражувачки вештини;
- Подготвеност за динамична работна атмосфера;
- Одлично познавање на новите медиуми;
- Одговорност;
- Професионалност, посветеност и лојалност;
- Одлични комуникациски вештини.
Потребни квалификации:
- Високо образование во областа на новинарство, медиуми и комуникации се смета за предност;
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Одлично познавање и применување на професионалните етички стандарди во новинарската професија;
- Искуство во уредување содржини на веб-сајт;
- Брзина, навременост, точност, аналитичност.
Вашето професионално портфолио испратете го преку полето Брза Апликација, најдоцна до 23.05.2022год.
На разговор ќе бидат повикани само селектирани кандидати.