Vrabotuvanje.com - Дипломиран фармацевт - Стручен соработник - Скопје - MEDIKUS
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран фармацевт - Стручен соработник

Скопје

Рок за пријавување:

За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (додатоци во исхраната), бараме

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
TРИ (3) СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ (М/Ж)


Потребни квалификации

  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет);
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство;
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите;
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски.


ЕСИ с.р.л. е компанија од Италија, која постои од 1975 година, и денес е најдобра во Италија и пошироко во производството на додатоци на исхраната (хербални производи), а кај нас е присутна на пазарот од 2004 година.

МЕДИКУС е

  • Успешна и стабилна компанија која постојано напредува;
  • Угледна компанија која сите ја почитуваа.

МЕДИКУС е компанија

  • Каде има градење на тимски дух, пријатна, ведра, стимулативна и динамична атмосфера;
  • Каде ќе бидете почитувани и наградени за успехот во работата.

МЕДИКУС е компанија во која посебно се цени

  • Самомотивираност, енергичност и иницијативност;
  • Вложениот труд и одговорниот однос кон работата;
  • Стручната способност и амбицијата за стручно усовршување;
  • Одличната комуникација со колегите и клиентите.

МЕДИКУС е компанија која нуди

  • Можност за стручно усовршување;
  • Договор на определено време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено време;
  • Солидна и мотивирачка почетна плата зависно од искуството.

Во колку сте подготвени да ги прифатите и со ентузијазам да ги извршувате следните обврски и одговорности
✔ Спроведување на предвидените маркетинг активности;
✔ Остварување на предвидениот план за продажба.

Што подразбира
✔ Патување на територија на Македонија;
✔ Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи;
✔ Посета на лекари и фармацевти;
✔ Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата ЕСИ и производите;
✔ Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион.

Испратете ваша апликација за учество на конкурс за вработување со

  • Резиме (кратка биографија) со фотографија;
  • Мотивациско писмо;
  • Уверение за завршено соодветно образованиe;
  • Копија од возачка дозвола;

Најдоцна до 23.5.2022 година преку полето Брза Апликација со назнака Конкурс за вработување.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде