Vrabotuvanje.com - Асистенти за продажба во специјализирани продавници - Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, Охрид - Центар за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистенти за продажба во специјализирани продавници

Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, Охрид

Рок за пријавување:

  • Центар за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

СЛАВЕЈ АД Скопје - Центарот за ортотика и протетика е лидер во Македонија, посебно во доменот на индивидуалното производство на ортопедски помагала произведени за потребите и по мерка на секоја индивидуа погодена од било која категорија на телесен инвалидитет. Водени од стандардите за квалитет, креираат традиција од над 60 години во грижа за мобилноста, независноста, самодовербата, благосостојбата и квалитетот на живеење за нивните клиенти. Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје покрај своето производство располага и со богат избор на готови производи на најразновидни ортопедски помагала со потврден квалитет набавени од меѓународно реномирани производители.

Имаме потреба од:

АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ПРОДАВНИЦИ
(во: Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, Охрид)

Асистентот за продажба е одговорен да направи клиентите да се чувствуваат добредојдени и поддржани во процесот на купување на производи – најразновидни ортопетски помагала.

Одговорностите на асистентот за продажба ги вклучуваат следниве:

Главни задачи и обврски:

  • Презентирање на ортопетските производи во специјализираните продавници, објаснување на нивните карактеристики, поставување на истите и земање на мерки за изработка на соодветни помагала
  • Целосно информирање на клиентите за цените, процесот на купување, начинот на плаќање и наплата на производите
  • Развивање и унапредување на квалитетна услуга и релации со клиентите
  • Подготовка на потребни извештаи за продажбата и известување пред непосредниот раководител.

Потребни способности и карактеристики:

  • Минимум средно образование – здравствена струка (медицинска сестра, фармацевтски техничар, физиотерапевтски техничар, стоматолошки техничар)
  • Основно владеење со компјутерско работење
  • Развиени комуникациски и способности за презентирање
  • Способност за тимска соработка
  • Динамични и креативни личности со изразен позитивен став
  • Иницијативност, организираност, желба за постојана едукација.

Компанијата нуди:

Постојана работна позиција што вклучува 40 часа неделно работно време, континуирана едукација и обука за ортопедските производи, редовна плата со можност за напредување.

Плата: 15.000 денари нето (7500 денари од практиканство АВРСМ и дополнителни 7500 од Славеј) - за временски рок од 3 месеци, поточно најпрво ќе се склучи договор за практиканство на определено време во траење од  3 месеци, а потоа секако доколку има интерес од двете страни ќе се склучи договор за вработување за подолг период со можност за поголеми примања.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација со тековна Биографија преку полето Брза Апликација.

Апликациите ќе се прифаќаат до 24.05.2022.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде