
Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.
Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата.
Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
САНИК
има потреба од следната работна позиција:
РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ
Потребни квалификации:
- Висока стручна спрема
- Работно искуство во банка ќе се смета за предност
Основни задачи и одговорности:
- Изготвување на финансиски планови
- Изготвување анализа за потребите на друштвото
- Комуникација со деловните банки
- Изготвување на интерни бизнис планови за потребите на друштвото
- Порамнување на сметки за плаќање и побарувањата со деловни партнери во одредено време
- Проверка на сметководствената евиденција и трошоци
- Врши и други работи од областа на сметководството, финансиите или други административни работи по барање на главниот сметководител или од други структури за управување
- Основно познавање на сметководство
Личен профил:
- Одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа
- Посветеност за точноста
Ние нудиме:
- Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
- Пријатна работна атмосфера
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.