Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за поддршка на згрижувачки семејства - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник за поддршка на згрижувачки семејства

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село започнува со спроведување на лиценцирана услуга за поддршка на згрижувачки семејства преку “Центар за поддршка на згрижувачки семејства“.

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства нуди услуги на стручна помош и поддршка преку проценка, подготовка и обука на идни згрижувачки семејства, промоција, следење и предлози за унапредување на услугата згрижување во згрижувачко семејство .

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства дава континуирана поддршка на постоечки згрижувачки семејства за нивен професионален развој и обезбедување на квалитетна грижа за згрижените коирсници.

За реализација на активностите во рамки на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства се огласува слободна позиција за 1 работнo местo за период од една (1) година со можност за продолжување:

СТРУЧЕН РАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА

 

Стручниот работник за поддршка на згрижувачки семејства обезбедува континуирана поддршка на згрижувачот и корисникот, односно згрижувачкото семејство, а со цел постигнување на целта на згрижување. Обезбедува психосоцијална поддршка на згрижувачките семејства, советување и врши увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на сместениот корисник. Стручниот работник дава поддршка и учествува во процесот на сместување и преместување на корисникот во згрижувачко семејство. Одговорен е за стручна проценка за потребите на корисникот и учествува во изработка, спроведување и преглед на планот за поддршка на корисникот.

Клучни области на работа и главни одговорности:

  • го следи развојот на детето и проценува (услови, потреби, јаки страни и ризици) на детето, односно во згрижувачкото семејство;
  • обезбедува поддршка на згрижувачот и згриженото дете, односно згрижувачкото семејство со цел да се постигне целта на згрижувањето;    
  • изработува план за поддршка на корисник и го следи неговото спроведување;
  • креира план за адаптација на корисникот и членовите во згрижувачкото семејство при секој нов прием;
  • подготвува известување до надлежниот Центар за социјална работа за резултатите од прилагодувањето на корисникот во згрижувачкото семејство;
  • дава мислење за квалитетот на грижа за корисникот;
  • прави стручна проценка на потребите на корисникот во згрижувачкото семејство;
  • подготвува извештај за развојот на детето во згрижувачкото семејство, квалитетот на згрижувањето и постигнување на целта на згрижувањето;
  • редовно соработува со старателот и водителот на случај кај надлежниот Центар за социјална работа;
  • води пропишана евиденција и документација (досие) за секој корисник сместен во згрижувачко семејство;
  • врши увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на лицето во згрижувачко семејство и подготвува извештај од увидот;
  • подготвува полугодишен извештај за развојот на корисникот во згрижувачкото семејство и го известува старателот;
  • соработува и се поврзува со други институции во интерес на корисникот;
  • ги имплементира политиките, стандардите и процедурите на СОС организацијата со посебен осврт на политиката за заштита на децата

Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

  • Завршено високо образование од областа на Социјална работа и социјална политика Психологија, Педагогија и Дефектологија;
  • Најмалку 2 години иcкуство во областа на социјална заштита, работа со ранливи категории и поддршка на детскиот развој;
  • Поседува вештини и искуство во работа со ранливи категории и маргинализирани групи;
  • Поседува емпатија и разбирање за потребите на корисниците;
  • Поседува знаења за правата на корисниците, мерките на социјална заштита и услугите за поддршка на корисниците;
  • Поседува комуникациски вештини и вештини за тимска работа;
  • Поседува  вештини за брза проценка и аналитичко мислење;
  • Поседува вештини и искуство во пишување на стручна документација, анализи, проценки и извештаи;
  • Поседува вештини за работа под притисок и брзи реакции;
  • Поседува флексибилност и подготвеност за работа и директна поддршка на терен;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Одлични компјутерски вештини (MS Office, Интернет);
  • Поседување на возачка дозвола “Б” категорија и активно возачко искуство;
  • Поседување на лиценца за работа во установа за социјална заштита се смета за предност;

Работни услови:

  • Работа на определено време од 12 месеци со можност за продолжување,
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот;
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот);

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 24.05.2021 на e-mail: kariera@sos.org.mk со назнака за работната позиција за која аплицирате. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде