Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер - Скопје Север - МАКО-МАРКЕТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бренд менаџер

Скопје Север

Рок за пријавување:

  • МАКО-МАРКЕТ ДОО
Мако Маркет ДОО Скопје  компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи,
 

Бидете дел од Мако Маркет!

Вработуваме:
БРЕНД
МЕНАЏЕР ЗА ДИВИЗИЈА ХРАНА

 
 

Опис на работната позиција:

  • Организирање на целокупното работење поврано со брендовите од дивизија храна;
  • Подготовка на маркетинг план, маркетинг буџет, креирање на маркетинг стратегија и соработка со маркетинг тимот, како и следење на нивното спроведување;
  • Соработка со сите сектори во компанијата во врска со брендот;
  • Поддршка на продажбата, следење на продажбата, зголемување на продажбата, следење на конкуренција;
  • Подготовка на ценовна структура и цени, анализа на цени, предлози за промоции и наградни игри и настап на различни маркетинг канали,
  • Посети на продажни места, следење на поставеност на брендовите, изработка на планограми,
  • Следење на залихи, изработка на нарачки, изработка на извештаи кон принципали и извештаи за потребите на компанијата,
  • Учество во развој на нови производи и маркетинг стратегија за домашен пазар и извоз за нови производи од сопственото производство на Мако Маркет,
  • Пронаоѓање на нови маркетинг можности, максимизирање на сите можности за раст и развој на брендот;
  • Присуство и претставување на брендот на меѓународни саеми и настани, менаџирање и мотивирање на тимот.

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ВСС (пожелно економски);
  • Работно искуство од мин 2-3 години како бренд менаџер во FMCG индустријата (производство или дистрибуција), искуство во маркетинг или продажба ќе се смета за предност;
  • Усогласеност на личните вредности со корпоративните вредности на Мако Маркет: (интегритет, респект, ентузијазам/енергија, раст и извонредност, натпреварувачки дух, креативност, фокус на клиенти);
  • Одлично познавање на англиски јазик и високо ниво на деловна коресподенција (писмена и усна),
  • Општи компетенци: возачка дозвола Б категорија, одлично познавање на Microsoft Office.

Што нудиме?

  • Одлична работна атмосфера;
  • Работа во искусен и докажан тим,
  • Компанија со силна корпоративна култура и вредности,
  • Одлични можности за личен развој и обуки преку интерна академија за лидерство и знаење,
  • Службено возило

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на МАКО МАРКЕТ, постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација.
 
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде