Оператор на машина ќe биде дел од тимот на производство. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на целиот процес на производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите и грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа. Притоа треба да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Работата се извршува во смени.
Квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), Работно искуство од 1 до 3 години во производствена средина
- Способност да ги разбира да ги следи и применува инструкциите во процесот на производство
- Висока посветеност на постигнување на бараниот квалитет на производот
- Да ракува со производствените машини со бараната стапка на продуктивност
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;
- Биографија (CV);,
- Доказ за завршено образование;
- Дополнителни дипломи и сертификати.