Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, има потреба од лице кое ќе се придружи кон нашиот тим на работна позиција
МЕНАЏЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДСТВО
Во Сектор Квалитет
- Ја координира меѓуфазната контрола на квалитетот во рамките на процесот на производство.
- Управува со неусогласености во производство. Предлага корективни и превентивни мерки за спречување и отстранување на појавата на неусогласен квалитет.
- Воведува алатки за квалитет во рамките на производниот процес и неговите контролни точки.
- Учествува во решавање на рекламации од купувачи.
- Изготвува неделни, месечни извештаи за шкарт или доработка за делови од производство и монтажа.
- Модератор на редовните состаноци за QRQC-Production во согласност со дефинираните правила за истите (San Gen Shugi пристап и сл.).
- Минимални барања: Машински инженер или сродно образование од областа на техничките науки.
- Познавање на Македонски и Англиски јазик – задолжително.
- Мин. 3 години работно искуство, Предност - ИСО интерен ревизор
- Компетитивни редовни месечни примања
- Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
- Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
- Пријатна работна атмосфера
Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација.