Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, има потреба од лице кое ќе се придружи кон нашиот тим на работна позиција
РЕФЕРЕНТ ЗА ПОРАЧКИ/НАБАВКИ
- Учествува во изработка на планови за порачки
- Ги планира потребите од материјали и куповни производи, согласно конструктивна и технолошка документација
- Чита и применува составници, планира материјали
- Изготвува барања за порачки, за потребите на транспортните, шпедитерските и царинските служби
- Изготвува или учествува во изготвување на царинска документација
- По потреба обезбедува и организира транспорт на стоки за потребите на компанијата и купувачите
- Прима интерни и екстерни порачки, ги дистрибуира до одделот од производство поврзан со порачки
- Ја следи состојбата на залихите
- Го планира и организира процесот на логистичка поддршка во однос на организација на меѓународен, домашен транспорт, царинење и складирање на материјали.
Квалификации:
- Минимални барања: : Машински инженер, дипломиран економист, бизнис администрација или сродно високо образование.
- Познавање на Македонски и Англиски јазик – задолжително.
- Познавање на Microsoft Office
- Предност – мин. 2 години работно искуство, работа во Oracle ЕРП софтвер
- Компетитивни редовни месечни примања
- Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
- Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
- Пријатна работна атмосфера
Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација.