Vrabotuvanje.com - Виши Специјалист за корпоративна и информациска безбедност и континуитет на деловно работење - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Виши Специјалист за корпоративна и информациска безбедност и континуитет на деловно работење

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe на работно место:

Виши Специјалист за корпоративна и информациска безбедност и континуитет на деловно работење

Одговорности

  • Ги планира, организира, координира и контролира активностите во процесот за континуитет на деловното работење и опоравување од катастрофи на компанијата во случај на прекин во работата согласно со ISO 22301стандардот;
  • Го управува, координирa и следи процесот на имплементација и одржување на Системот за управување со континуитет на деловното работење (ISO 22301);
  • Врши безбедносна анализа на логови произлезени од критични ИТ и НТ системи од интерната инфраструктура на МКТ преку централниот систем за собирање на логови како и креирање и анализа на аларми;
  • Координира и учествува во активности поврзани со обезбедување на соодветно ниво на заштита на облак услугите;
  • Превзема активности за појаснување и утврдување на фактите во врска со евентуалните повреди на интерните регулативи, кои што може да резултираат во финансиска загуба или штета на Компанијата;
  • Предлага мерки за надминување на слабости  и недоследности со цел елиминирање на слабите точки и безбедносни ризици, како и спречување на (идна) штета;
  • Спроведува форензички анализи, спроведува испитувања на компјутерски системи и медиуми со цел сочувување на докази во случај на истраги на злоупотреби;
  • Подготвува обуки, планови, методи и стратегија за активности за подигнување на свесноста за безбедност;
  • Го координира развојот и ажурирањето на релевантните политики, процедури, директиви и барања за безбедност

Кои способности треба да ги поседувате

  • Лидерски и организациски способности
  • Ориентираност кон тимот
  • Вербална и пишана комуникација
  • Способности за преговарање
  • Решавање на проблеми и донесување на одлуки
  • Проактивност

Квалификации

  • Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации или Информатички технологии или други факултети 
  • 5 години соодветно работно искуство;
  • Искуство со управување со континуитет на деловно работење;
  • Добро познавање на сите безбедносни регулативи;
  • Напредно познавање на тековните технолошки трендови;           
  • Активно познавање на англиски јазик

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши Специјалист за корпоративна и информациска безбедност и континуитет на деловно работење.

Огласот ќе биде објавен на ден 11.05.2022 година и ќе трае  до 22.05.2022 година

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде