Vrabotuvanje.com - Координатор во процес на произвотство - Скопје - Фабрика „Карпош“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Координатор во процес на произвотство

Скопје

Рок за пријавување:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
КООРДИНАТОР ВО ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОТСТВО
Потребни квалификации:
  • Образование ССС или ВСС –  Кандидатите доколку поседува техничко образование ќе се смета за предност
  • Работно искуство ќе се смета како предност на иста или слична позиција
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office)
 
Одговорности и задачи:
  • Води контрола и се грижи за навремено издавање на работни налози за производство
  • Им издава работни налози за припрема на документација и комплетација
  • Изготвување на налози за контрола и лабараторија
  • Врши постојано надгледување на активностите на вработените ( степенот на квалитет и квантитет)
  • Го организира текот на производтениот процес во соработка со својот претпоставен
  • Го информира својот претпоставен за проблеми со Работните Упатства  или машините и ги решава тие проблеми
  • Одговорен е за одржувањето на редот и дисциплината во неговата/нејзината област. 
  • Води евиденција за присутност на вработените
  • Ја надгледува работата на машините и го информира Одделот за Одржување  кога ќе се појават некои проблеми
 
Личен профил:
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Високо развиени комуникациски и организациски вештини
  • Желба за работа и напредок во кариерата
 
Докоолку имате желба да бидете дел од успешниот тим испрате ни ја вашата кратка биографија (CV)  Преку полето брза апликација со задолжителна назнака КООРДИНАТОР ВО ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОТСТВО.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде