
Ахема ДОО Скопје, Полео Спорт
Polleo Sport е најбрзорастечкиот и нај специјализираниот ланец на продавници за спорт и храна за спортисти, рекреативни спортисти и луѓе кои се грижат за сопственото здравје.
Polleo Sport е најголемата компанија која продава и дистрибуира додатоци во исхраната, био храна, спортски текстил и обувки, фитнес опрема во регионот, а нашата цел е нашите производи да ги направиме подостапни за повеќе корисници и затоа да го прошириме нашиот бизнис и тим.
Ако сте амбициозни, вредни, имате „жица“ за да работите со луѓе и трговија, сакате да бидете дел од успешен тим, знаете дека криете енергија за вонсериски резултати, придружете ни се во тиот преку пријава за ново отворено работното место: Продавач (м/ж).
Продавач за во трговски центар (м/ж)
Потребни квалификации:
- Познавање на теми од областа на фитнес, исхрана, додатоци, спортска облека и обувки
- Познавање на производи за спортски додатоци
- Изразени вештини за комуникација и продажба
- Познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работа со компјутери
- Познавање на работа со каса и ПОС терминали ќе се смета за предност
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
- Проверка на декларации и редење на производи
- Изработка на потребна документација
- Одржување на хигиена во продажното место
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
Што нудиме:
- Стимулативна и позитивна работна атмосфера
- Работа во компанија лидер на пазарот
- Постојано усовршување и обука
- Можност за промоција
- Бонус и стимуланси
Вашата Професионална Биографија (CV) можете да ја доставите преку полето Брза Апликација.
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.