Vrabotuvanje.com - Работник во производство - Скопје - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.


 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 

РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО

 

Одговорности и задачи:

  • Работи на производни линии за припрема и полнење на сокови.

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС;
  • Со или без работно искуство.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
  • Ефективна вербална комуникација.

Ви нудиме:

  • Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 20.000-22.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција);
  • Додатоци на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи;
  • Исплата на регрес за годишен одмор; 
  • Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО“.
 
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (14.05.2022 до 30.05.2022).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот, НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде