Возач на товарно возило
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО
Одговорности и задачи:
- Управува со товарно моторно возило;
- Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог и се грижи за навремен утовар и истовар;
- Се грижи за чистотата и исправноста на возилото, уредна и целосна пропратна документација, како и за навремено спроведување на технички преглед и регистрација;
- Врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на раководните лица.
Потребни квалификации:
- ССС;
- Возачка дозвола “Ц“ категорија;
- Минимум две години работно искуство како возач со „Ц“ категорија;
- Предходно работно искуство во дистрибуција на производи ќе се смета за предност.
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност, лојалност и чесност;
- Организираност и одговорност;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
- Ефективна вербална и писмена комуникација.
Ви нудиме:
- Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 27.000-29.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција);
- Додатоци на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи;
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!