Општ работник
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
ОПШТ РАБОТНИК
Одговорности и задачи:
- Извршува градинарски работи, се грижи за хортикултурата во дворот и ги извршува сите потребни задачи поврзани со уредувањето на дворното место во кругот на фабриката,
- Собирање и редовно изнесување на отпадот од кругот на фабриката;
- Помошни и оперативни работи во производствениот процес и магацинското работење.
Потребни квалификации:
- ССС;
- Со или без работно искуство.
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност, лојалност и чесност;
- Организираност и одговорност;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ви нудиме:
- Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 20.000-22.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција);
- Додатоци на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи;
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!