Vrabotuvanje.com - Работник во магацин - Скопје - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник во магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:

РАБОТНИК ВО МАГАЦИН

Одговорности и задачи:

  • Извршува прием, истовар и сместување на репроматеријали, суровини и други производи за потребите на производниот процес;
  • Врши подготовка на стоката (готов производ) и товарење;
  • Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на одговорниот за магацин и експедиција.

Потребни квалификации:

  • ССС;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на работа со компјутер.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.

Ви нудиме:

  • Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 22.000-24.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција);
  • Додатоци на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи;
  • Исплата на регрес за годишен одмор; 
  • Можност за напредување во работата и награди/бонуси за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО МАГАЦИН’’.
 
Конкурсот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 14.05.2022 до 30.05.2022).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде