ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ФАРБАРИ/ЛАКИРАЧ – ФАРБАРА
- Големо искуство во користење на сите видови материјали, спрејни пиштоли и друга опрема
- Поврзување на инсталацијата за фарбање и користење на опремата под притисок
- Проверка на материјалите пред одпочнување со лакирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на бојата)
- Поставување на воздушниот притисок за лакирање и работа со инсталацијата за фарбање
- Прскање главно боја- лак според правилото : еднаков нанос , чисти и мазни површини
- Секојдневно одржување на опремата под притисок за лакирање
- Посебно внимание за економично користење на материјали
- Диплома за завршено средно образование – по можност Автолакер
- Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста позиција
- Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 31.07.2022 година