Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.
Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.
Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за следнава работна позиција:
ХАУС МАЈСТОР
Работни одговорности на Хаус мајстор во Ресорт Маврово ДОО:
- Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;
- Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија и сл.;
- Работа со разновиден алат;
- Врши поправки во хотелите согласно работните налози;
- Други одговорности соодветни на работното место Хаусмајстор.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Организациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
Потребни квалификации:
- Искуство од мин. 2 години работа како Хаусмајстор;
- Мин. ССС;
- Возачка дозвола B категорија;
- Флексибилно работно време.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за напредок, награди и бонуси, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете Хаус мајстор.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 10.07.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.