Vrabotuvanje.com - Референт за резервни делови и потрошни материјали - Скопје - АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за резервни делови и потрошни материјали

Скопје

Рок за пријавување:

  • АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
 
 
ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
 
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:
Референт за резервни делови и потрошни материјали

 

Референтот за резервни делови и потрошни материјали ќе биде дел од тимот за логистика.
Тој е одговорен за прием, редење, документирање и складирање на алатите за производство, делови, материјали и залихи кои се основни за ефикасна работа на производствените лини. Треба да води грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.

Основна  месечна нето плата  изнесува 26.000,00 денари.

Работата се извршува во смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од место на живеење до просториите на компанијата.

Квалификации на кандидатите:

  • завршено средно образование,
  •  работно искуство од 1 година во областа на прием и испорака на роба
  • поседува одлични комуникациски вештини
  • да има искуство во управување со виљушкар

Работни задачи

  • Да прима и да доставува нарачки на материјали, делови потребни за производствениот процес
  • Да ги складира материјалите, деловите и да ги внесува залихите во систем
  • Да се кординира со планерите за материјали при  складирање на залихите и испорака на комонентите
  • До вработените во производство да обезбеди брз пристап  и испорака на заменетите или поравени делови

Конкурентски предности

  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Организациски способности
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност

 Кандидатите треба да ја приложат следнава документација

  1. Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;
  2. Биографија (CV)
  3. Доказ за завршено образование;
  4. Дополнителни дипломи и сертификати.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува  еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .

Документите треба да се достават до „АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за “Референт за резервни делови и потрошни материјали” до Сектор за управување со човечки ресурси преку полето Брза Апликација.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде