Vrabotuvanje.com - Електро инженер за изведба - Пелагониски регион - МЕЈ ЕНЕРЏИ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженер за изведба

Пелагониски регион

Рок за пријавување:

  • МЕЈ ЕНЕРЏИ ДОО

 

Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Компанијата е во процедура за изградба на фотонапонска електрана со рок на користење од 25 години.
​Меј Енерџи ДОО Скопје е општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина, а притоа ги следи најсовремените инженерски трендови во областа на енергетиката.

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА

 

Потребни квалификации:

  • ВСС – Електротехнички факултет - насока Енергетика со положен стручен испит за безбедност и здравје при работа (БЗР);
  • Соодветно претходно работно искуство од минимум 5 години, континуирано работно искуство на работи поврзани со изведба, испитување или управување со електроенергетски постројки, трансформаторски станици, висконапонски исталации, електро енергетски мерења и испитувања;
  • Лиценца А за изведба;
  • Познавање на AutoCad и апликациите од MS Office пакетот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Главни одговорности:

  • Раководење, обезбедување и координирање на електротехничките работи при изведба на енергетски објект - фотонапонска електрана;
  • Раководење, обезбедување и координирање на електротехничките работи при изведба на 110 kV далековод и 110 kV кабел;
  • Раководење, обезбедување и координирање на електротехничките работи при изведба на трансформаторска станица 110 kV/33 kV;
  • Во текот на извршувањето на договорените работи контактира со инвеститорот, надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби;
  • Навремено обезбедување на потребните ресурси (работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања;
  • Надгледување на развојот на проектот и давање насоки кога е потребно;
  • Оценка на напредокот и подготвување на детални извештаи за Управителот и Инвеститорот;
  • Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди;
  • Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени;
  • Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење.

Потребни вештини:

  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
  • Одговорност и одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност и енeргичност.

Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте Вашите податоци да се чуваат во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивниот пол, раса, религија, национална и политичка припадност и вид на попреченост.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде