
Промедика Медикал Центар е приватна поликлиника која Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Промедика Медикал Центар го сочинуваат тим стручни лица спремни со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижат за вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО.
Приемот на пациенти се извршува во современо опремен и топол амбиент во кој ќе се чувствувате пријатно добредојдени во секое време. Во нашата установа работат стручњаци од различни медицински области кои со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија.
Во моментов, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за 1 слободна работни позиција:
Потребни квалификации:
- Завршен Медицински факултет
- Постигнат просек над 8
- Положен државен испит
- Интерес за специјализација по офталмологија
- Добро познавање на англиски јазик
- Веќе започнатата специјализација ќе се смета за предност
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Одлични комуникациски вештини
- Професионалионален и љубезен однос кон пациентите
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Специјализацијата ќе се одвива кај др. сци. Наум Трпеноски - очен хирург - Промедика Офталмологија
- Република Чешка - 2 кандидати
- Република Србија - 2 кандидати
- Република Македонија - 3 кандидати
Доколку сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика преку полето"Брза Апликација" со задолжителна назнака за позицијата за која аплицирате.
Контакт: 071/ 301-301 и 02/ 3248-470
www.promedikaoftalmologija.mk