КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Работни задачи и одговорности:
ИТ Техничарот ќе одговара директно на ИТ Менаџерот и ќе биде одговорен за разрешување на техничките проблеми поврзани со ИТ опремата и системите покривајќи повеќе области. Како дел од ИТ тимот во КОСТАЛ Македонија, ќе биде потребно да се демонстрира работа со кратки рокови, а истовремено да се приспособите на брзите промени што се резултат на потребите на компанијата.
Идеалниот кандидат, потребно е да поседува соодветно образование од областа на ИТ технологиите, високо образование ќе се смета за предност.
Образование, искуство, вештини:
- +3 години работно искуство на иста или слична работна позција, искуство во производствена средина ќе се смета за предност
- Data network operation, support and maintenance
- Active Directory, Microsoft Exchange, Symantec Endpoint Protection; BMC Client Management
- Mobile devices operations and maintenance
- Help desk: service request, incidents, problem management
- End-user support - desktop hardware and software, VoIP, printers
- Силни аналитички вештини и способности за детектирање и решавање на проблеми
- Само-мотивиран поединец со одлични комуникациски вештини и проактивен кон давање на предлози за подобрување на ИТ процесите и ИТ инфраструктурата
- Способност за работа со рокови под притисок
- Тимски играч, проактивен, добро мотивиран со одлични комуникациски вештини
- Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик (чита, пишува, говори)
- Познавање на Германски јазик ќе се смета за предност
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " ИТ Техничар", преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.