Vrabotuvanje.com - Инженер за Автоматика - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за Автоматика

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
  
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, заради својот развој и трансферот на нови технологии и проекти, има потреба од Инженер за Автоматика

Работни задачи и одговорности:

  • Развивање на нови технолошки решенија за механички и електрични системи; 
  • Проценка на проектните барања во однос на развојот на нови алати/машини;
  • Идентификување и локализација на проблеми/барања, анализирање на критериумите за барања, предлагање решенија и управување со имплементацијата на решенијата;
  • Инсталација, поставување, оптимизација и одржување на опремата во предсериска фаза;
  • Дава подршка на процесите на производство по започнувањето/предавањето во сериско производство;
  • Подготовка на  технички прирачници, список на резервни делови, документи за превентивно одржување и документација за обука за нова опрема пред истата да биде ставена во сериско производство;
  • Координација и усогласување со надворешни добавувачи на опрема, развивачи на софтвер, проект менаџери итн.

Образование, искуство, вештини:

  • ВСС електротехника (познавање на автоматика - ќе се смета за предност);
  • 2+ години искуство како инженер за автоматика, пожелно во автомобилска индустрија;
  • Искуство во работа со процесите на електронско склопување, мехатронски процес на склопување или вбризгување;
  • Искуство во работа  со пневматика, електрични инсталации и механички склопови;
  • Искуство во PLC програмирање;
  • Искуство во CAD софтвер;
  • Програмски вештини: C, C++, Visual Basic, SQL ќе се сметаат за предност;
  • Напредно користење на производи на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point и еmail  Outlook);
  • Способност за работа под притисок со крајни  рокови; 
  • Нагласени комуникациски и преговарачки вештини, способности за решавање проблеми, вештини за организирање;
  • Напредно познавање на англиски јазик (говори,чита, пишува);
  • Подготвеност за патување и подолг престој за обука во странство.

Што обезбедуваме:

  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде