Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - Скопје - ИНТЕРНАТИОНАЛ ФРЕШ ФOOД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магационер - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИНТЕРНАТИОНАЛ ФРЕШ ФOOД ДОО
  • Адреса: Vrapciste, 100 br.1, 1200

Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата започна со производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар (во сите поголеми и мали маркети) и пошироко. Визијата на Компанијата е преку изградба на сoпствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ.
 

Интернатионал Фреш Фоод ДОО има потреба од следната работна позицијa

Магационер
Локација: Скопје

Опис на работните обврски за магацин:

  • Припрема за излез на готов производ;
  • Спремање на документи;
  • Прием на материјали/ суровини за производство;
  • Селектирање и подготовка на материјалите за производство;
  • Асистирање при товарење на готов производ;
  • Следење на налог и инструкции за работа;
  • Подготвеност за работа во смени.

Потребни професионални квалификации и функционални вештини:

  • Минимум Средна Стручна Спрема –ССС;
  • Пожелно е познавање на работа со PDA уреди и мобилни апликации за магацинско работење (WMS);
  • Искуство во областа на магацинското работење ќе се смета за предност;
  • Исполнителен, комуникативен, организиран и практичен;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Пожелно познавање на Албански јазик;
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.

Што ви нудиме:

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот како и можност за флексибилно работно време;
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работен однос;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес;
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми;

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци со задолжителна назнака “ЗА МГАЦИОНЕР - СКОПЈЕ“ или преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.

Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде