Vrabotuvanje.com - Комерцијалист / Доставувач - Скопје - Скопје - ИНТЕРНАТИОНАЛ ФРЕШ ФOOД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист / Доставувач - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИНТЕРНАТИОНАЛ ФРЕШ ФOOД ДОО
  • Адреса: Vrapciste, 100 br.1, 1200

Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата започна со производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар (во сите поголеми и мали маркети) и пошироко. Визијата на Компанијата е преку изградба на сoпствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ.
 

Интернатионал Фреш Фоод ДОО има потреба од следната работна позицијa

Комерцијалист / Доставувач
Локација: Скопје

Опис на работните обврски:

  • Продажба во КА, ТТ и ЛКА каналите за реон Скопје;
  • Постојана грижа и унапредување на соработката со купувачите на дефинираниот реон;
  • Грижа за оптималното ниво на снабдување на купувачите од асортиманот на производи;
  • Реализирање на зададените цели на продажба на неделно и месечно ниво;
  • Одговорен за имплементација на договорените активности кај  купувачите;
  • Врши и други работи кои спаѓаат во делокругот на работењето.

Потребни професионални квалификации и функционални вештини:

  • Минимум Средна Стручна Спрема –ССС;
  • Пожелно е познавање на работа со PDA уреди и мобилни апликации за продажба;
  • Искуство во областа на комерција / дистрибуција;
  • Исполнителен, комуникативен, организиран и практичен;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Пожелно познавање на Албански јазик;
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.

Што ви нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 07:00-15:00 часот;
  • Можност за остварување на месечни бонуси;
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување;
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работен однос;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес;
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми;

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци со задолжителна назнака “ЗА КОМЕРЦИЈАЛИСТ/ ДОСТАВУВАЧ“ или преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.

Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде