Vrabotuvanje.com - Собарка / Хигиеничар/ка - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Собарка / Хигиеничар/ка

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

СОБАРКА / ХИГИЕНИЧАР/КА

 

Работни одговорности на Собарка или Хигиеничар/ка во Ресорт Маврово:

  • Одржување на хигиената во гостинските соби на хотелот;
  • Се грижи за хигиената во јавните простории во хотелот;
  • Помага при работните задачи во перална;
  • Други одговорности соодветни на работното место Собарка или Хигиеничар.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Педантност во работата;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

Потребни квалификации:

  • Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
  • Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
  • Мин. ССС;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време 

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Перална аплицирате, Собарка или Хигиеничар/ка.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде