Vrabotuvanje.com - Продавач (м/ж) - Скопје - Polleo Sport
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Polleo Sport

Ахема ДОО Скопје, Полео Спорт

Polleo Sport е најбрзорастечкиот и нај специјализираниот ланец на продавници за спорт и храна за спортисти, рекреативни спортисти и луѓе кои се грижат за сопственото здравје.

Polleo Sport е најголемата компанија која продава и дистрибуира додатоци во исхраната, био храна, спортски текстил и обувки, фитнес опрема во регионот, а нашата цел е нашите производи да ги направиме подостапни за повеќе корисници и затоа да го прошириме нашиот бизнис и тим.

Ако сте амбициозни, вредни, имате „жица“ за да работите со луѓе и трговија, сакате да бидете дел од успешен тим, знаете дека криете енергија за вонсериски резултати, придружете ни се во тиот преку пријава за ново отворено работното место: Продавач (м/ж).

Продавач за во трговски центар (м/ж) 

Потребни квалификации:

  • Познавање на теми од областа на фитнес, исхрана, додатоци, спортска облека и обувки
  • Познавање на производи за спортски додатоци
  • Изразени вештини за комуникација и продажба
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери
  • Познавање на работа со каса и ПОС терминали ќе се смета за предност

Одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
  • Проверка на декларации и редење на производи
  • Изработка на потребна документација
  • Одржување на хигиена во продажното место

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Што нудиме:

  • Стимулативна и позитивна работна атмосфера
  • Работа во компанија лидер на пазарот
  • Постојано усовршување и обука
  • Можност за промоција
  • Бонус и стимуланси

Вашата Професионална Биографија (CV) можете да ја доставите преку полето Брза Апликација.

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде