Vrabotuvanje.com - Референт за продажба на станови - Скопје - Фабрика „Карпош“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за продажба на станови

Скопје

Рок за пријавување:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
Референт за продажба на станови

Потребни квалификации

  • Високо стручно образование;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Организациски и комуникациски вештини;
  • Професионалност и деловна култура
  • Подготвеност за преземање на одговорност и иницијатива;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења;
  • Познавање на Microsoft Office, АutoCAD, 3Ds Max ќе се смета за предност.

Опис на работно место:

  • Секојдневна работа со клиенти, презентација и промоција на станови;
  • Одговарање на прашања на клиентите;
  • Изготвување на фактури.

Ви нудиме:

  • Работа во стабилна компанија;
  • Редовни месечни примања;
  • Транспарентност кон вработените;
  • Поддршка во организацијата, продажниот процес од страна на одговорните во компанијата;
  • Обука и едукација.

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават електронски преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде