Vrabotuvanje.com - ИТ техничар - Скопје - ФРИКОМ БЕОГРАД ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФРИКОМ БЕОГРАД ДООЕЛ
  • Адреса: Zrenjaninski put bb, 11000 Beograd
  • Веб страна: https://www.frikom.rs/

Nomad Foods е европска водечка компанија за замрзната храна и една од најголемите во светот. Портфолиото на одличните брендови на компанијата кое ги вклучува Birds Eye, Findus, Iglo а од неодамна и Ledo и Frikom со генерации им служи на локалните европски пазари и се залага за храна која е со одличен вкус и висок квалитет.

Како дел од семејството Nomad Foods, компанијата Фриком Београд Дооел, објавува оглас за вработување на територија на Скопје за следната позиција:

ИТ ТЕХНИЧАР

Клучни одговорности:
  • дијагностика и отстранување на проблеми на комплетна персонална компјутерска опрема и мобилна опрема;
  • обезбедување на програмска поддршка за сите корисници на персонални компјутери и мобилни уреди;
  • поврзување на персонални компјутери на мрежата;
  • целосна поддршка за корисници кои се поврзани на Интернет;
  • техничка поддршка за надградба на персонални компјутери и мобилни уреди;
  • обука на корисниците поради зголемување на употребата на персонални компјутери и мобилни уреди;
  • администрација на компјутерски комуникациски системи на оддалечени локации во соработка со системскиот администратор;
  • интегритет на податоците на корисничките работни станици и мобилни уреди;
  • инсталација на софтвер на кориснички компјутери и мобилни уреди кои се користат за бизнис;
  • решавање на проблеми со софтверот на компјутерите и мобилните уреди што се користат за бизнис.
 
Преферирани услови:
  • IV степен на стручно оспособување во техничка насока;
  • 3 години на исти или слични работи;
  • точност, брзина и педантност во работата.

Ви нудиме:
  • позитивна работна атмосфера и кооперативен тим;
  • можност за образувание и професионален развој во водечка компанија во FMCG индустријата.

Вашата професионална биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата за оглас за “ИТ Техничар”.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде