Vrabotuvanje.com - Административен работник - Скопје - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен работник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕД ШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните професионални шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
Отворени позиции: 1

 
Локација: Илинден, Централна управа
 

Одговорности и работни задачи:

  • Одговорен е за подготовка, изработка и процесирање на излезни фактури за услуги на царинско застапување;
  • Одговорен е за изработка на потребната документација (барања, одлуки, полномошна, изјави, предлози, пресметки и сл.) за разни административни постапки (постапки за царинско застапување, тендери, договори и сл.) за Друштвото;
  • Одговорен е за изработка на барања за понуди (за набавка на опрема, канцелариски материјали, разни услуги, осигурување, и сл.);
  • Одговорен е за комуникација со клиентите во спорни или комплексни ситуации, како и советување на клиентите за прашања од делокругот на неговата работа;
  • Одговорен е за постојана комуникација со Царинската управа за прашања од делокругот на своето работење;
  • Одговорен е за одржување на редовни контакти со државните органи и други институции за различни прашања од интерес за Друштвото поврзани со областа на административното и финансиското работење.

Потребни квалификации:

  • Најмалку средна стручна спрема – економска насока; 
  • Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста позиција;
  • Одлично познавање на MS Word, Excel и Outlook;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Профил на кандидатот:

  • Одговорен и самостоен во извршувањето на работните задачи; 
  • Поседува одлични комуникациски вештини, и способен за работа во тим;
  • Педантен, способен за решавање на проблеми, и ориентиран кон резултати;
  • Способен за работа под временски притисок;
  • Проактивен во врска со стекнување на нови знаења поврзани со работата. 

Услови од компанијата:

  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;   
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, и можност за напредување;
  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот; 
  • Работното време е од 08:30 до 16:30, од понеделник до петок, со повремени дежурства во сабота.

Доколку сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратите Вашата професионална биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација, со назнака “Административен работник” во насловот на пораката. Огласот е отворен 30 дена од датумот на објавување. 

Напомена:

Апликациите без приложени документи (биографија) нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. 

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде