Vrabotuvanje.com - Готвач / Помошник готвач / Мијач на садови - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Готвач / Помошник готвач / Мијач на садови

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

ГОТВАЧ / ПОМОШНИК ГОТВАЧ / МИЈАЧ НА САДОВИ

 

Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Подготвува оброци за вработените;
  • Економично управува со залихите на производи;
  • Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;
  • Други одговорности соодветни на работното место Готвач.

Работни одговорности на Помошник готвач во Ресорт Маврово:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот, како и за вработените;
  • Работа на скара, фритези, припреми за нарачки за нареден ден;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Помошник готвач.

Работни одговорности на Мијач на садови во Ресорт Маврово:

  • Навремено миење на садовите и тавите потребни за работа и готвење;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор и инвентар согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Мијач на садови.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Организациски и лидерски вештини;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Лојалност и чесност;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работатa.

Потребни квалификации и одговорности:

  • Потребно е работно искуство од мин. 3 години како готвач (предност имаат кандидати кои имаат работено во хотелски ресторан);
  • Одлично познавање на македонска и странски кујни;
  • Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Кујна аплицирате, Готвач / Помошник готвач / Мијач на садови.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 03.09.2022

Disclaimer:.

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде