Vrabotuvanje.com - Референт за набавка - Дебар - Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавка

Дебар

Рок за пријавување:

  • Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје

 

 

Ви нудиме можност за вработување како

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА

во Кнауф Радика АД, Дебар

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со повеќе од 300 производствени капацитети и продажни мрежи во над 90 држави, како и 40,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

Краток опис на работните задачи:

  • Набавка на сировини, енергенси, услуги и материјали за одржување на погоните во фабрика
  • Испитување на цените, барање понуди, преговори за условите за купување, нарачување, објавување на набавка
  • Следење на движењата на цените
  • Внесување на записи за информации во SAP
  • Оперативно учество и следење на залихите
  • Обработка на рекламации за влезните материјали
  • Изготвување на извештаи (за сировини, енергенси, трговска стока, резервни делови...)
  • Оперативно учество за континуирано подобрување на IMS стандардите
  • Оперативно учество на пописи 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 3 години работно искуство на исти или слични позиции
  • Одлично познавање на MS Office пакет
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија
  • Подготвеност за работа на терен и службени патувања
  • Подготвеност за посетување на обуки во државата и надвор од неа.

На кандидатите им нудиме:        

  • Компетитивна плата
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа


Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 22.08.2022 преку копчето за брза апликација. Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои ќе достават комплетна документација ќе бидат повикани на интервју.

Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Кнауф дооел Скопје да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на податоци на Кнауф дооел Скопје за регрутациски потреби согласно законските прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот маил: aleksandra.gruevska@knauf.com

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде