Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Скопје - Синцеритас АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Синцеритас АД Скопје
  • Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД

Електро инженер

Електроинженерот ги контролира и управува системите за електрична енергија, електроника и автоматика во еден производен капацитет. Оваа позиција врши проценки на ризик и обезбедува усогласеност со безбедносните стандарди и кодовите за електротехника.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Дизајнира, имплементира и контролира електрика, електроника и автоматика за различни системи во фабрика;
  • Управува со проекти за електрика, електроника и автоматика и навремено ги завршува;
  • Осигурува дека инсталациите и системите се во согласност со компаниските потреби и безбедносните стандарди;
  • Спроведува анализа за квалитет и перформанси и прави редовни проверки на постоечките и нови системи за електрика, електроника и автоматика;
  • Дава инструкции на тимот на техничари за работни задачи поврзани со одржување на електрика, електроника и автоматика;
  • Проверува потреба од нова опрема и помага да се планира буџет;
  • Спроведува редовни проверки на системите за електрика, електроника и автоматика во фабрика и спроведува превентивни и корективни мерки;
  • Изготвува извештаи за менаџмент;
  • Изготвува документација и пишани процедури;
  • Други одгогворности релевантни за квалификациите на кандидатот;


​ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:

  • Факултетска диплома од факултет за електротехника
  • Најмалку 5 години работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Работа со BMS/EMS
  • Одлични способности за работа со компјутери
  • Способности за детектирање можни дефекти во опрема
  • Одлични комуникациски способности
  • Способности за решавање проблеми и креативно размислување
  • Одлични организациски способности
  • Флексибилност и адаптибилност кон промени
  • Одлична способност за комуникација на говорен и пишан англиски јазик

Работно време: ​Пон-пет од 08:00-16:00 во фабриката за производство на Синцеритас во Росоман

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде