Vrabotuvanje.com - Административен специјалист за картички (Administrative card specialist) - Скопје - ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен специјалист за картички (Administrative card specialist)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА

IuteCredit Macedonia е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteCredit Group која што е избрана за една од најбрзорастечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш растеме многу брзо за овој краток период. Создаваме извонредно клиентско искуство преку нашите извонредни луѓе. Како една од најбрзите и најудобните финасиски компании со кредитни производи кои клиентите ги претпочитаат, бараме амбициозен карактер кој ќе му се придружи на нашиот тим за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава.

Во врска со нашиот постојан и брз развој, бараме:

Административен специјалист за картички (Administrative card specialist)
 

Главни одговорности:

  • Помага во активностите поврзани со картичките, вклучително но неограничувајќи се на соработката со сите членови од тимот на Иуте Кредит, групација Иуте Кредит, издавачи и процесори на картички, добавувачи и соработници
  • Одговорен е за следење, контрола и обработка на дневни парични трансакции, вклучувајќи плаќања, прилагодувања, корекции и дневно следење на балансите поврзани со картичното работење
  • Реализира, спроведува и контролира размена на фајлови со процесинг центарот и CMS - Системот за менаџирање со картички според внатрешни процеси и процедури
  • Водење евиденција на дневни залихи на издадени и персонализирани картички по експозитури и навремена дистрибуција на картичките до секоја експозитура
  • Следење, одржување и предлагање унапредување на тековниот софтвер за кредити – NC (New Core) и системот за картички CMS со соодветни софтверски и програмски измени зависно од развојната стратегија на компанијата
  • Помага на компанијата во развивање на обуки за вработените во експозитурите и Контакт центар поврзани со картичките
  • Координира надминување и решавање на проблемите при прекин на услугата помеѓу CMS - системот за менаџирање со картички, тековните софтвери, банките и Мастеркард
  • Нарачува картички и ПИНови, креира и оддржува датотеки во софтверите и ја потврдува точноста на картичките
  • Ја спроведува поставената мрежа за испраќање на нови и обновени картички до клиенти согласно интерните процедури
  • Следи и превенира било какви индикации или активности за измама
  • Подготвува и следи извештаи и статистики за картички на дневно, неделно и месечно ниво како и соодветно следење на планираниот буџет за приходите и трошоците поврзани со картичките од било кој аспект, како и ад хок извештаи на барање на менаџментот
  • Предлага, креира, ажурира и имплементира оперативни процедури во согласност со стратегијата и работата на компанијата
  • Работи во согласност со најновите правила, процедури и прописи за картички
  • Се придржува кон процедурите за усогласеност и контролите за внатрешен оперативен ризик во согласност со сите важечки регулаторни стандарди, барања и политики
  • Делува како активен член на тимот за оперативна поддршка во сите оперативни активности на компанијата

Вештини и способности:

  • Организиран и фокусиран кон детали
  • Способност за работа под притисок, како и планирање на личен обем на работа
  • Способност брзо да ги разбере новите проблеми и да донесува ефикасни одлуки кои ќе превенираат губиток на финансиски средства, како и оперативен и репутациски ризик
  • Личен интегритет, како и способност за самостојно одлучување во согласност со секојдневните работни задачи
  • Способност за работа во тим

Потребни квалификации/искуство:

  • Економски факултет ќе се смета за предност
  • 1 година претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик,
  • Напредни MS Office компјутерски вештини особено Microsoft Excel
  • Вештини за подготвување извештаи

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Настани поврзани со поттикнување на тимски дух

Зошто да работите во IuteCredit Macedonia:

  • Поседуваме пријатни и убави канцеларии
  • Работиме на интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
  • Нашата динамична работна култура значи дека мислењето на секој вработен е важно. Можете да придонесете и да дадете свој печат
  • Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
  • Едноставна организациска структура
  • Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
  • Редовни интересни активности, натпреварувања и бенифиции за вработените

Заинтересирани?

Доколју сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија преку најбрзиот начин на електрoнско аплицирање, со назнака Административен специјалист за картички (Administrative card specialist) не подоцна од 30.09.2022 година.

Со Вашата апликција давате согласност за проследување на Вашите лични податоци вклучени во документите кои ги праќате, за потребите на моменталните и идните регрутациски процеси спроведени од страна на IuteCredit Macedonia, а во согласност со важечките закони од оваа област. Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

 


Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде