Vrabotuvanje.com - Процес Инженер (Electronics / Power Electronics) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Процес Инженер (Electronics / Power Electronics)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од: 
 

ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР (Electronics / Power Electronics) 


Работни задачи и одговорности:

  • Одговорен за дизајнирање, спроведување, контрола и оптимизирање на индустрискиот процес за кој  е задолжен
  • Врши надзор над процесите и оптимизацијата на производната линија
  • Асистира во одлучувањето за набавка на нова опрема, машини и алати
  • Активно учествува во прототип производството на нови продукти на производната линија 
  • Обезбедува анализа на перформансите на линиите за производство и тестирање на печатени електронски плочи (PCBA) 
  • Обезбедува користење на технички стандарди за сериските проекти и обезбедува обнова на истите стандарди базирано на научени лекции
  • Врши постојани контроли на бројот на дефектни парчиња и придонесува во активностите за намалување на бројот на дефекти
  • Ги поддржува и придонесува на процесите за заштеди во производството
  • Ја поддржува подготовката на 8D извештајите и рекламациите од купувач
  • Ги подджува и придонесува на акциите за анализа и решавање на проблеми во производството 
  • Обезбедува исполнување на сите барања на КОСТАЛ и купувачот во однос на развој на процес и продукт во фазата на проверка за можност на производство на еден продукт
  • Врши обука на вработени (оператори, линиски лидери), во врска со производниот процес и дефинираните инструкции за истиот
  • Се води, и ги следи инструкциите дадени од дирекнтниот надреден, и менаџментот

Образование, искуство, вештини:

  • ВСС од машинска, електротехничка струка, или струка поврзана со наведените. 
  • Најмалку 2-годишно искуство во производна средина, пожелно на работи и задачи како процесен инженер
  • Работа со методи за подобрување и решавање на проблеми (SPC, ISHIKAWA, 5 Why, Six Sigma)
  • Искуство во производство на печатени електронски плочи (PCBA) – SMT & THT технологии за производство, и тестирање на печатени електронски плочи
  • Познавање на OEE
  • Искуство со Cost reduction
  • Способност за  решавање на проблеми
  • Познавање на Microsoft Office производи посебно Excel (Word,  Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)

Што обезбедуваме:

  • Конкурентни примања на македонскиот пазар
  • Здраво и безбедно работно опкружување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Сигурност на вработувањето
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР (Electronics / Power Electronics)" преку полето Брза Апликација.
 
 КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде