Vrabotuvanje.com - Набавувач - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 

Оглас за работа: Набавувач

Локација: Скопје, Македонија

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од кандидат за позицијата Набавувач да се  придружи на нашиот тим во Одделот за Логистика / Набавки во фабриката за катализатори во Скопје, Македонија. 

Главни одговорности:

  • Извршува Нарачки за сите нестратешки, непроизводни материјали според потребите на ЈММК
  • Поддршка на функционалноста на ЈММК во рамките на мобилните телефони
  • Проверка на фактурите на Телеком и А1 (детална анализа за секој вработен што е корисник на фиксен или мобилен телефон)
  • Обезбедува дека состаноците со добавувачите се забележани со интерен документ за регистрација на состаноци и информацијата е проследена до крајните корисници
  • Обезбедува краткорочни и среднорочни распореди на набавка/предвидувања / буџети за добавувачите каде е тоа можно
  • Работи на тоа да се подобрува и проширува постоечката база на добавувачи со барања за понуди/ тендер и ценовни анализи
  • Обезбедува дека сите активности за набавки се извршени транспарентно и во согласност на локалните процедури и политиките на компанијата
  • Обезбедува дека клучните добавувачи се мониторирани со користење на индикатори на перформанси (КПИ), предлага планови на подобрување доколку е потребно
  • Обезбедува поддршка на процесите во отсуство на персонал во набавки кога е потребно и кога е можно
  • Обезбедува дали има ризик по безбедноста и заштита при работа на вработените (ЕХС) за сите набавени добра
  • Развој на напредни мерки за да се идентификуваат значителни заштеди на трошоците

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?

  • Минимум средно образование 
  • Минимум едногодишно искуство во областа на бирање на материјали и набавки 
  • Вештини и познавање на SAP апликациите за планирање
  • Искуство во менаџирање залихи, преговарање со добавувачи
  • Microsoft Office (Excel, Power Point)
  • Течен пишан и говорен македонски и англиски јазик
  • Точност, аналитички и организациони вештини
 

Позицијата подразбира работа од понеделник до петок од 08:30-16:30

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:

https://bit.ly/3BvH8k6

Краен рок за аплицирање: 04ти октомври 2022

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде