Vrabotuvanje.com - Унапредувач на продажба (мерчендајзер) - Скопје - Скопје - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Унапредувач на продажба (мерчендајзер) - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 28 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.


 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (МЕРЧЕНДАЈЗЕР)
(скопски регион)

 

Одговорности и задачи:
  • Следење на  продажбата  и предлагање  на мерки  и  активности  за  нејзино зголемување;
  • Се грижи за поставеноста на производите во маркетите, ги дополнува и организира;
  • Реализација   на утврдените  плански  задачи  во  делот на  продажбата  и  набавката; 
  • Контакти  со деловните  партнери  со цел продлабочување  и  унапредување  на соработката 
  • Промоција на нови производи;
  • Испитување на потребите на купувачите и обиколка на нови потенцијални купувачи;
 
Потребни квалификации:
  • Минимум ССС;
  • Предходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола - Б категорија;

Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Увереност и лојалност;
  • Презентациски вештини;
  • Продажни вештини;
  • Комуникативност;
  • Tрпеливост и упорност;
 
Ви нудиме:
  • Можност за напредување во работата;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (МЕРЧЕНДАЈЗЕР) – СКОПСКИ РЕГИОН“.
 
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 21.09.2022 до 04.10.2022).
 
Напомена:
Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде