Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Бараме амбициозни вработени и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на тимот во сектор Сметководство, бараме личноти кои ќе му се придружат на нашиот тим, на позицијата:
 
СМЕТКОВОДИТЕЛ (тројца извршители)

 
Ваши задачи:
  • Обработка на документација за увоз и извоз на стока
  • Прием и книжење на сметководствени документи 
  • Усогласување на аналитичка со синтетичка евиденција
  • Изготвување на периодични пресметки и извештаи за интерни потреби
  • Следење, усогласување и анализирање на работата во материјално и финансово сметководство
  • Следење на позитивните законски прописи од сферата на сметководственото работење и негова примена во работењето
  • Подготвување на финансиска документација за потреби на банки и пополнување на обрасци за нивна потреба
  • Други работни обврски од доменот на финансово работење, по налог на претпоставен.
 
Вашиот профил:
  • 2 извршители со ВСП (високо образование) – Економски факултет;
  • 1 извршител со ССС (економски техничар), познавањето на увозно-извозно сметководствено работење ќе се смета за предност
  • Работно искуство во областа на сметководство минимум 5 години за извршители со ВСП и 3 години за извршители со ССС
  • Поседувањето лиценца за сметководител ќе се смета за предност
  • Предност имаат апликанти со познавање на англиски јазик
  • Аналитичен, ориентиран кон успех и оптимизација на текот на процесите, високо развиено чувство за  економичност 
  • Одлично познавање на програмскиот дел од работењето 
  • Можност за работа со рокови и работење под притисок
  • Способност и спремност за разрешување проблеми. 
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни, заради ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
 
Ние Ви нудиме:
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи.
  • Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи 
  • Регрес 33.000 денари  
  • Слободен ден за роденден 
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат подолго од 2 години во КАМ  
  • Ваучер за склучување  брак; пакет производи за Бадник и Велигден  
  • Попуст за сместување во хотелот „Вилиџ“ во Охрид  
  • Работа во интернационална компанија,.динамична работа исполнета со нови предизвици  и можност за стекнување нови искуства и вештини.
 
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани сте и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на адреса: КАМ ДОО Персонален оддел, ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите, ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
 
*Компанијата го задржува правото за промена на износот на регрес
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде