Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Дизајн на системи - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженер - Дизајн на системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – ДИЗАЈН НА СИСТЕМИ
 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија;
  • Директно го води процесот при промени во дизајнот и изготвува работни цртежи за прототип системи;
  • Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајнот на возилата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Електро инженер;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Познавање и работа со графички софтвер AutoCAD, Solidworks ќе се смета за предност;
  • Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилската индустрија, или во сервисирање и одржување на моторни возила.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку полето Аплицирај. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде