Vrabotuvanje.com - Специјалист за залихи и логистика - Скопје - Скопје - Lycamobile
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за залихи и логистика - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Lycamobile

Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
 

Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
 
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЗАЛИХИ И ЛОГИСТИКА- СКОПЈЕ

 
 
Главни одговорности:
  • Задачи поврзани со залихи и логистички операции;
  • Административна работа поврзана со залихи и стока повзразни со работењето;
  • Редовна дневна проверка и анализа на статус на снабденост со СИМ картички и хартиени ваучери како и останати материјали со цел да се утврди навремено недостиг од истите и да се иницираат нарачки;
  • Верификација на извештаи за залихи на продукти со споредување на налози и записи/ Нарачка на залихи по соодветно овластување;
  • Развој на стандарди и промовирање на активности кои ги зајакнуваат оперативните процедури повразни со логистика;
  • Истражување и идентификација на нови можности за развој на бизнисот на компанијата, познавање и следење на пазарните трендови и случувања;
  • Управување со канцелариски буџет, следење и водење на евиденција;
  • Вршење на внатрешни канцелариски административни активности на дневна основа и одржување на дневна усмена и писмена комуникација со надврешни трети страни;
  • Комуникција со оперативниот тим на групацијата од Обединетото Кралство, Англија; 
  • Подготовка на писма, презентации и извештаи;
  • Водење евиденција за влезни и излезни фактури во координација со одделот за сметководство.
 
Квалификации: 
  • Универзитетско образование од релевантна област
  • Пожелно искуство на иста или слична позиција 
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Комуникациски вештини, организираност, доверливост
  • Возачна дозвола Б категорија
 
Што нудиме:
  • Работа во динамична и пријатна канцелариска работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
  • Месечна нето плата- 30.687,00 денари
  • Работно време од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот
  • Почеток со работа – по договор 
 
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака „За специјалист за залихи и логистика„
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде