Vrabotuvanje.com - Асистент за продажба за извоз - Скопје - ОЗОН ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за продажба за извоз

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОЗОН ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ул.Борис Трајковски бр.73а Центар, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.ozon.com.mk


Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

Асистент за продажба за извоз

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Завршен Факултет за технички или економски науки и знаење за работа во комерција, маркетинг и продажба
  • Солидно познавање англиски јазик, зборување, пишување и комуникација
  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

За следниве работни задачи

  • Водење и изработка на планови за продажба, презентации
  • Комуникација со клиенти по е-маил, телефон
  • Посета и претставување на фирмата на саеми, клиенти, семинари и слично
  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за продажба
  • Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на понуди со технички карактеристики
  • Организација и архивирање документација за тековната работа
  • Изработка на извештаи
  • Примена и реализација на современи решенија и технологии

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни месечни примања
  • Организирана исхрана
  • Исплата на регрес за годишен одмор
  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можност за обука и стекнување нови знаења
  • Oсигурување 24h од незгода
  • Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
  • Природно осветлување и пријатна работна средина
  • Месечни примања согласно со знаењето и продуктивноста

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија преку Брзата Апликација или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде