Vrabotuvanje.com - Специјалист за внатрешна и надворешна комуникација - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за внатрешна и надворешна комуникација

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ВНАТРЕШНА И НАДВОРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Координирање и поддршка на интерни и екстерни комуникациски активности;
  • Управување со агендата и алатките за интерни и екстерни комуникации;
  • Создавање и поддршка на иницијативи за интерни комуникации;
  • Поврзаност со Менаџерот за комуникации со цел да се насочат, координираат и усогласат сите иницијативи за комуникација;
  • Креирање на содржина за социјалните медиуми управувани од Ван Хоол Македонија моментално како и за идните социјални медиуми за различни активности и проекти (фокусирање на Facebook, Instagram, LinkedIn);
  • Подготовка на веб-содржини, избор на фотографии и илустрации;
  • Подготовка на промотивни материјали за Ван Хоол Македонија;
  • Следење на најновите трендови и нивно имплементирање во секојдневната работа;
  • Месечен извештај со детали од објавените активности на социјалните мрежи.
 
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
  • Одлични вештини за комуникација и пишување;
  • Креативност, проактивност и ефикасност;
  • Пасија за онлајн маркетинг, нови технологии и трендови во веб светот;
  • Способност за работа во динамична работна средина;
  • Способност за работа на сопствена иницијатива;
  • Способност да се размислува глобално и да се дејствува локално.
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • ВСС – предност ќе имаат кандидати со завршени студии од областа на новинарството, односи со јавноста, комуникација и медиуми
  • Најмалку 1 година релевантно работно искуство ;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point);
  • Познавање и искуство со социјалните медиуми и други информативни и промотивни алатки;
  • Претходно искуство во креирање на промотивни материјали;
  • Претходно искуство во прес-комуникации;
  • Способност за креирање графички содржини прилагодени на потребите за промовирање и презентирање проекти на социјалните медиуми ќе се смета за предност.
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде