Vrabotuvanje.com - Електро инсталатери – завршна доработка - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инсталатери – завршна доработка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕРИ – ЗАВРШНА ДОРАБОТКА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Поврзување на електрична инсталација согласно нацрт
  • Поставување конектори  и светлосна сигнализација 
  • Инсталирање и поврзување на батерии во возилото
  • Спроведување на електрични водови 
  • Изолирање на комплетната инсталацијата во возилото 
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Минимум средно образование од техничките струки 
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Почетна нето плата од 28.900 денари плус минат труд
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде