Vrabotuvanje.com - Oператори во магацин - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Oператори во магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Oператори во магацин
Локација: Скопје, Македонија
 
Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Оператори во магацин (Warehouse Operators) кои ќе бидат дел од нашиот тим во одделот за Логистика. Со своето докажано искуство во организирана и динамична производствена средина, кандидатите ќе придонесат за зголемување на ефикасноста и успешноста во работата на тимот во магацин.

 
Главни одговорности:
  • Навремена и сигурна дистрибуција на роба за внатрешни и надворешни клиенти на фабриката
  • Одржување на залихите во надворешниот складишен простор и хемиската зграда
  • Постојана грижа дека материјалите се во можност да одговорат на барањата на работните процеси во фабриката
  • Детално чување на податоци и организирање на залиха на материјали по логичен распоред
  • Помош при утовар и истовар на камиони поврзани со материјали кои се наоѓаат во надворешен складишен простор и хемиската зграда
  • Следење на правилата и процедурите за безбедност и здравје при работа во фабриката
  • Други работни задачи согласно описот на работното место.
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Минимум средно образование
  • Валидна лиценца за возење на палетар и моторно возило (задолжително претходно извадена од релевантна институција)
  • Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем
  • Способност и искуство за работење под притисок и во куси временски рокови
  • Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel).
 
Позицијата подразбира сменска работа 24/7
 

Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/3tkcy9y

 
Краен рок за аплицирање: 11ти декември 2022
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде