Vrabotuvanje.com - Рецепционер - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

РЕЦЕПЦИОНЕР
 
 

Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово ДОО:

  • Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
  • Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
  • Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
  • Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
  • Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
  • Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Ориентиран кон задоволство на гостите;
  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој.

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство како Рецепционер од мин. две години е значајна предност;
  • Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
  • Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
  • Вештини за работа на компјутер;
  • Работа во три смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
  • Сместување и 3 оброци дневно;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете Рецепционер.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 15.12.2022

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде