Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - Maliqi Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • Maliqi Group

Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности. 

Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Работни задачи и обврски:

  • Извршува работни обврски од областа на човечките ресурси
  • Учествува во активности поврзани со талент менаџмент и развој на постоечки вработени, воведување на нови вработени, мерење на перформансите на вработените, равој на кариерни патеки и имплементација на програми и активности поврзани со човечките ресурси
  • Води евиденција за боледувањата на вработените ги поднесува документите за боледувања од вработените до Фондот за здравствено осигурување и спроведува активности поврзани со осигурување на вработените при работа
  • Организира санитарни и систематски прегледи за вработените
  • Подготвува договори за вработување, анекси кон договори, врши пријава и одјава на вработените во Агенцијата за вработување
  • Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци
  • Врши подготовка, евиденција и ажурирање на целокупната персонална евиденција  (физички и софтверски)


Потребни способности и компетенции:

  • Работно искуство минимум 2 години
  • Образование ВСС 
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на Законот и регулативите за работни односи
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Одлични аналитички и организациски способности
  • Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
 ​

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај​.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде