Vrabotuvanje.com - Електричар (оддел Висок напон) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електричар (оддел Висок напон)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје


Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на нашето производство, односно проширување на нашиот тим за Одржување на производствените линии, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:


ЕЛЕКТРИЧАР (ОДДЕЛ ВИСОК НАПОН)
 

Клучни одговорности
  • Врши надгледување на (ВН) високо напонски и (НН) ниско напонски постројки и секојдневно ги проверува АКУ-батериите.
  • Врши монтажа и демонтажа на ВН опрема
  • Учествува и извршува задачи за сите интервенции во ВН постројки. 
  • Врши контрола на температура на трансформатори, контрола на ниво на масло и досипување 
  • Врши замена на сијалици од кровното осветление во халата и поправка на светлосни арматури
  • Извршува секакви работи од областа на инсталациите и поправки на истите во погонот
  • Го менува сменскиот раководител доколку истиот е отсутен
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа 
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена.
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен
 
Личен профил:
  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени 
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Потребни квалификации:
  • ССС 
  • Со или без работно искуство
 
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.
 
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде