Vrabotuvanje.com - Домар / Возач - Скопје - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ресорт Маврово го проширува својот тим.

Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е една од најпрестижните дестинации за зимски и летни спортови во Република Северна Македонија, но и место за совршен фамилијарен одмор во секоја сезона. Луѓето кај нас доаѓаат како гости, но си одат како наши пријатели.

Нашите вработени се наше големо семејство и сите заедно веруваме во нашите главни вредности: лојалност, посветеност на работата, желба за раст и развој, како и грижа за природата.

Доколку сакате да работите на чист воздух и денот да ви биде исполнет со авантура и забава, аплицирајте во РЕСОРТ МАВРОВО.
 
 
Ресорт Маврово има потреба од следнава работна позиција:
 
ДОМАР / ВОЗАЧ
 
 

Работни одговорности на Домар - Возач во Ресорт Маврово ДОО:

  • Врши превоз на вработените во Ресорт Маврово од околните места до работното место и обратно;
  • Се грижи за исправност на возилото;
  • Во снежни услови се грижи за безбедна состојба на патеките во Ресортот;
  • Ги пали и одржува камините во хотелите;
  • Помага на собарки и вработени во перална за пренос на постелнина до хотелите и перална;
  • Се грижи за општата хигиена во објектите на ресортот;
  • Асистира на хаусмајстор во извршување на дневни обврски;
  • Други одговорности соодветни на работното место Домар - Возач.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи;
  • Точност и способност за безбедно возење во различни временски услови.

Потребни квалификации:

  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Мин. ССС;
  • Познавање на работа со алат и општи познавања за вршење поправки ќе се смета за предност;
  • Флексибилно работно време.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, прекувремено работно време, работа во недели, работа на празници);
  • Сместување и 3 оброци на ден;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Рок за пријавување на огласот: 15.12.2022

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) преку полето Брза Апликација и во subject наведете „Домар - Возач“.

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде